Dilara Zengin
20 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека забраната за преземање на апликацијата „ТикТок“, којашто е во сопственост на кинеската компанија „Бајтденс“ („ByteDance“), ќе ја одложи за една недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По најавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека е можно да биде потпишан договор за продажба на делот на „ТикТок“, што работи во САД, на партнерството „Оракал-Волмарт“, Министерството за трговија даде изјава во врска со забраната на „ТикТок“.
Поради позитивните случувања во однос на продажбата на апликацијата, под водството на Трамп, американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, истакна дека забраната за преземање на апликацијата „ТикТок“, што се планира да стапи на сила на 20 септември, ќе биде одложена за 27 септември.
Министерството за трговија на САД на 18 септември соопшти дека од 20 септември ќе биде забрането преземање на апликациите „ТикТок“ и „ВиЧет“ на кинеските компании, поради „заштита на националната безбедност“.