Adam Abu-bashal
20 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
АБУЏА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 405 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.727 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.405.973.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 202 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 33.879.
Бројот на излекувани лица во Африка се искачи на 1.153.639.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (15.940), по која следуваат Египет (5.750) и Алжир (1.795).
Најмногу случаи со Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (659.656), по која следуваат Египет (101.900) и Мароко (99.816).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.