свет

Палестинскиот претседател Абас ги одбива притисоците за дијалог со САД

„Претседателот Абас е изложен на притисоци без преседан од страна на своите арапски браќа и меѓународните страни...“

Hamdi Yıldız  | 20.09.2020 - Обновена : 21.09.2020
Палестинскиот претседател Абас ги одбива притисоците за дијалог со САД

РАМАЛА (АА) - Потпретседателот на движењето Фатах, Махмуд ел Алул, истакна дека палестинскиот претседател Махмуд Абас е изложен на притисоци од страна на арапските земји и меѓународните страни за да се сретне со американската администрација, но дека Абас го одбива тоа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Алул ја даде оваа информација во изјава за палестинската државна телевизија.

„Претседателот Абас е изложен на притисоци без преседан од страна на своите арапски браќа и меѓународните страни, со цел да се сретне со американската администрација и да ги добие царинските приходи што ги зема Израел. Но тој не го прифаќа тоа“, рече Алул, додавајќи дека Палестина во оваа фаза преферира да стои против тоа.

„Секој знае дека тие сакаат да ја уништат палестинската кауза. Палестинската администрација никогаш нема да се врати во состојбата пред запирањето на координацијата со Израел“, нагласи тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın