свет

Распуштен Парламентот на Велика Британија

Со цел да помине Брегзит, Џонсон побара од гласачите да гласаат за Конзервативната партија, велејќи „Првиот ден по изборите, договорот повторно ќе го ставиме на гласање..."

Hasan Esen  | 06.11.2019 - Обновена : 07.11.2019
Распуштен Парламентот на Велика Британија

ЛОНДОН (АА) - Во рамките на одлуката за предвремени избори во Велика Британија и распуштањето на Парламентот, премиерот Борис Џонсон побара за спроведувањето, на Брегзит, гласачите својот глас да ѝ го дадат на Конзервативната партија, јавува Anadolu Agency (AA).

Премиерот Џонсон при посетата на кралицата Елизабета II во Бакингемската палата, побара распуштање на Парламентот. Со тоа, и официјално започна процесот за предвремени избори во Велика Британија закажани за 12 декември.

На снимките при доаѓањето во палатата, може да се забележи коментарот на Џонсон кој вели „Зошто одиме на овие избори? Поради една единствена причина, а тоа е поради осакатеноста на Парламентот. Имавме извонреден договор за Брегзит, но тој не помина во Парламентот.“

Со цел да помине Брегзит, Џонсон побара од гласачите да гласаат за Конзервативната партија, велејќи „Првиот ден по изборите, договорот повторно ќе го ставиме на гласање и во јануари ќе се разделиме [од Европската Унија].“

Џонсон во изјавата рече дека доколку на власт дојде опозициската Лабуристичка партија, тогаш Брегзит уште повеќе ќе задоцни, и дека 2020 ќе се претвори во кошмарска година, бидејќи во неа ќе има два референдума, едниот за ЕУ, а вториот за независност на Шкотска.

Владата на Британија побара предвремени избори бидејќи Парламентот не можеше да се договори околу Брегзит. Со поддршка на опозициската Лабуристичка партија, предвремените избори се закажани за 12 декември.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.