Övünç Kutlu
26 Април 2021•Ажурирај: 27 Април 2021
АНКАРА (АА) - Европа ќе овозможи целосно вакцинираните американски туристи да можат да ги посетат земјите на Европската Унија ова лето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, за „Њујорк тајмс“ во Брисел изјави: „Американците, колку што можам да видам, користат вакцини одобрени од Европската агенција за лекови“, „Ова ќе овозможи слободно движење и патување низ Европската Унија“, додаде Лејен.
„Бидејќи јасно е едно нешто: Сите 27 земји членки ќе ги прифатат, безусловно, сите оние што се вакцинирани со вакцини одобрени од ЕМА“, рече таа.
Европската агенција за лекови (ЕМА), која е регулаторно тело на ЕУ за медицински производи, досега ги одобри сите три вакцини што се користат во САД - Фајзер/БајоНТек, Модерна и Џонсон & Џонсон.
Иако Фон дер Лејен не даде одредени информации за временската рамка, деталите и потребата од сертификати за вакцинација, отстранувањето на сегашните ограничувања за патувања преку Атлантикот се очекува делумно да ја подобри европската економија погодена од пандемијата, паралелно со авијацискиот и туристичкиот сектор.