Elena Teslova
26 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
МОСКВА
Русија е загрижена во врска со ситуацијата во Мјанмар, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во земјата и осудува било какви активности кои водат до жртви меѓу цивилите“, изјави Песков за новинарите преку конференциска врска.
„Ние сме многу загрижени и со големо внимание гледаме што се случува во Мјанмар. Силно ги осудуваме акциите што доведоа до губење на човечки животи меѓу цивилното население“, рече тој.
„Но, Мјанмар сам треба да се справи со своите проблеми“, додаде Песков.
Најмалку 745 лица се убиени досега во воените акции против демонстрантите кои протестираат против извршениот пуч во Мјанмар, покажуваат најновите податоци објавени од набудувачката организација за заштита на правата.
Здружението за помош на политички затвореници доцна во петокот во секојдневниот брифинг соопшти дека 3.371 лице е во притвор, 79 се осудени, а издадени се налози за приведување за најмалку 1.118 други.
Насилството продолжува и покрај собирот на лидерите на Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) во саботата во Џакарта за да разговараат ситуацијата.