Ihvan Radoykov
04 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
СОФИЈА
Во Бугарија бројот на регистрирани случаи со коронавирусот (Ковид-19) во текот на 24 часа за првпат надмина 4.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според бројките објавени на веб-страницата на Министерството за здравство на Бугарија, од направените 11.066 теста за Ковид-19, 4.041 се позитивни или во проценти изнесува 36.5.
Со овие бројки од почетокот на епидемијата вкупниот број на заразени во земјата достигна 60.537.
Во земјата моментално има 37.581 активен случај, во болниците се лекуваат 2.922 пациенти, од кои 210 се наоѓаат на интензивна нега.
Во земјата во последните 24 часа од вирусот животот го загубија 63 лица.
Министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов, во изјавата за медиумите рече дека Владата продолжува да бара итни решенија за проблемите во здравствениот систем.
„Нашиот здравствен систем е под контрола“, додаде министерот Ангелов.
Според анкетите на јавното мислење, 72 проценти од граѓаните во Бугарија немаат доверба во здравствениот систем на земјата.
Владата минатата недела воведе задолжително носење маски и во затворени простории и на отворено.
Во земјата исто така беше донесена одлука да се организираат спортски настани без публика, додека театрите и киносалите да работат со капацитет од 30 проценти.