свет, Коронавирус

Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 90.000 лица

Бројот на починати од Ковид-19 во светот се искачи на 90.011, а на откриени случаи на 1 милион 539 илјади и 424 лица

Nuri Aydın  | 09.04.2020 - Обновена : 10.04.2020
Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина 90.000 лица

АНКАРА (АА) - Бројот на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 90.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите објавени на интернет страницата „Worldometer“, бројот на починати поради Ковид-19 во светот се искачи на 90.011, а на откриени случаи на 1 милион 539 илјади и 424 лица.

Најмногу лица починаа во Италија, каде 17.669 лица починаа од оваа пандемија.

По Италија, следат Шпанија со 15.238 починати, САД со 14.865 починати, Франција со 10.869 починати, Велика Британија со 7.097 починати, и Иран со 4.110.

Во Кина, земја каде се појави Ковид-19, починаа 3.335 лица.

Во Белгија починаа 2.523 лица, во Холандија починаа 2.396 лица и во Германија починаа 2.349.

Ова се земјите каде бројката на починати од Ковид-19 надмина 1000 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın