Nuri Aydın
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
АНКАРА
Бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1,2 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот починаа 1.200.405 лица како последица на овој вирус.
Се истакнува дека со Ковид-19 во светот досега се заразени 46.394.211 лица.
Најмногу смртни случаи се регистрирани во САД, каде што досега починаа 236.072 лица од Ковид-19.
По САД следуваат Бразил (159.902 починати), Индија (122.149 починати), Мексико (91.753 починати), Велика Британија (46.555 починати), Италија (38.618 починати), Франција (36.788 починати), Шпанија (35.878 починати), Иран (34.864 починати) и Перу (34.476 починати).
Во светот 33.487.910 лица успеаја во борбата против овој вирус.