Mahmut Atanur
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ЏАКАРТА
Земјотрес со јачина од 6,3 степени се случи во индонезиската покраина Малуку, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Институтот за метеорологија, клима и геофизика на оваа земја, епицентарот на земјотресот бил на 198 километри на отворени води кај местото Југозападен Малуку на покраината Малуку.
Се вели дека земјотресот со јачина од 6,3 степени се случил на длабочина од 196 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во Саумлаки и Добо, а не се споделени информации за можни жртви или материјална штета.