Adam Abu-bashal
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 795 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.795.509.
Исто така, вкупната бројка на починати се зголеми на 42.922.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (19.276), по која следуваат Египет (6.266) и Мароко (3.695).
Во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (725.452), по која следуваат Мароко (219.084) и Египет (107.555).
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.462.962 лица.