Şenhan Bolelli
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
МАДРИД
Улиците во Шпанија се претворија во воено поле во текот на демонстрациите кои почнаа во знак на протестите против мерките преземени против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Протестите против мерките воведени против Ковид-19, што почнаа во Барселона кон почетокот на седмицата, а набргу се проширија и во другите поголеми градови, продолжија во саботата навечер во Мадрид, Виторија, Билбао и Логорно.
Групите се собраа преку социјалните мрежи порачувајќи: „Народот се измори, излегуваме на улица“. Во центарот на градот одржаа протест за кој не добија дозвола.
Во текот на протестите, демонстрантите со камења и палки ја нападнаа полицијата оштетувајќи ги продавниците и јавниот имот во градските центри и палејќи канти за смет.
Во главниот град Мадрид полицијата интервенираше против демонстрантите кои се обидоа да ја блокираат улицата „Гранвија“ во центарот на градот.
Во инцидентите, што се претворија во улична физичка пресметка, имаше повредени, а полицијата приведе неколку демонстранти.
„Насилното и ирационално однесување на малцинските групи не може да се толерира. Само со одговорност, единство и пожртвуваност можеме да ја надвладееме епидемијата која ги опустоши сите земји“, рече шпанскиот премиер Педро Санчез.
Во текот на протестите во Барселона, Бургос, Валенсија и Сантандер во петокот се приведени 29 лица, а голем број лица се повредени, вкучувајќи и полицајци.
Шпанија со вториот бран на заразата со Ковид-19 е погодена потешко од очекуваното, а вонредната состојба, воведена на 25 октомври, е продолжена до 9 мај. Шпанија покај тоа воведе и додатни мерки, односно ограничување на движењето за 15 од 17 автономни покраини.
Повеќе од шест лица не смеат да се соберат на едно место сè додека трае полицискиот час воведен во земјата под вонредна состојба.