Ekip
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ЛОНДОН
Луѓето облечени во различни костуми, по повод одбележувањето на Ноќта на вештерките (Halloween), продефилираа синоќа низ улиците на Лондон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу нив можеа да се видат и многу интересни маски и костими од најпознатите хорор-филмови, додека некои се одлучија за костими на зомбија, вампири и вештерки.
Ноќта на вештерките (Halloween) се одбележува секоја година на 31 октомври во Ирска, САД, Канада, Порторико, Австралија и Нов Зеланд, а се совпаѓа со католичкиот празник Ден на сите светци.