Seda Sevencan
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на нови случаи на коронавирусот во светот надмина 2,4 милиони доцна синоќа, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците покажуваат дека бројот на починати достигна 165.044, додека 623.911 лица се целосно излекувани.
Во светот се регистрирани вкупно 2.401.379 потврдени случаи на вирусот.
Соединетите Американски Држави (САД) и понатаму се најтешко погодената држава во светот, со најголем број заразени и смртни случаи, со над 759.000 заразени и речиси 41.000 починати.
Италија е втора земја во светот по бројот на смртни случаи со 23.660, додека Шпанија е втора по бројот на потврдени случаи, 198.674.
Вирусот за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември и оттаму се рашири во речиси 200 земји и региони во светот.
Се прават напори за развој на вакцина, но повеќето експерти сметаат дека за тоа ќе биде потребен период од најмалку една година, па до 18 месеци.
И покрај растечкиот број случаи, повеќето луѓе кои се заразени со вирусот искусуваат само благи симптоми.