Betül Yürük
20 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, истакна дека може да му помогне на Иран во борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, доколку Иран го побара тоа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп изјави дека продолжуваат да постигнуваат стабилен напредок во борбата против епидемијата на Ковид-19.
Трамп, истакнувајќи дека продолжуваат да преговараат со демократите за пакетот помош од 450 милијарди долари за малите бизниси и руралните болници, рече: „Блиску сме до договор.“
Претседателот Трамп, кој честопати е критикуван за недостигот на тест-комплети за Ковид-19, за време на прес-конференцијата од џебот извади еден тест-комплет што го спореди со чепкалка за уво и рече дека производството на комплетот е многу поедноставно отколку производството на вештачките респиратори.
Трамп, исто така, рече дека се подготвува да го примени „Законот за воено производство“, со кој ќе започне производство на повеќе од 20 милиони тест-комплети месечно.
На прашањето дали размислува да му помогне на Иран, една од државите кои се лошо погодени од епидемијата, Трамп нагласи: „Би сакал да му помогнам на Иран доколку има потреба од помош и го побара тоа. Епидемијата ги погоди многу лошо, но бројките што тие ги кажуваат очигледно не се точни. Ако им треба помош или респиратори, имаме илјадници и се произведуваат, секако би сакале да помогнеме.“