Emre Aytekin
17 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
АНКАРА
Бројот на откриени случаи заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 30 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 30.036.868 лица.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде што 6.828.301 лице се позитивни на овој вирус.
По САД следуваат Индија со детектирани 5.118.253 случаи, Бразил со 4.421.686, Русија со 1.079.519, Перу со 744.400, Колумбија со 736.377, Мексико со 680.932, Јужноафриканска Република со 653.444, Шпанија со 614.360, Аргентина со 589.012 и Чиле со 439.287.
Во Турција со Ковид-19 досега на вирусот позитивни се 296.391 лице.
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 945.092 лица, oздравеа 21.804.030 лица, додека активни се 7.287.746 случаи.