Emre Aytekin
17 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
АНКАРА
Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.132 лицa, во Бразил 987, а во Мексико 300, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 1.132 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 83.198.
Покрај тоа, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 97.894 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 5.118.253.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 4.025.079 лица.
- Бразил
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 987 лицa, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 134.106 лицa.
Во земјата се откриени 36.820 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи со коронавирусот порасна на 4.419.083.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.720.312.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 300 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 71.978.
Во Мексико се откриени 4.444 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 680.931.
Досега во земјата оздравеа 485.024 лица.