Emel Gözellik,Nazlı Yüzbaşıoğlu
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
АНКАРА (АА) – Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот достигна до бројката 2.922.078, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД). Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, вкупно 939.235 лица се заразени со Ковид-19, а од вирусот починаа 53.934 лица.
Земји со повеќе од 10.000 регистрирани случаи, според „Worldometer“ се:
Шпанија - 223.759, Италија - 195.351, Франција - 161.488, Германија - 156.513, Велика Британија - 148.377, Турција - 107.773, Иран - 89.328, Кина - 82.827, Русија - 74.588, Бразил - 59.324, Канада - 45.354, Белгија - 45.325, Холандија - 37.190, Швајцарија - 28.894, Индија - 26.496, Перу - 25.331, Португалија - 23.392, Еквадор - 22.719, Ирска - 18.561, Шведска - 18.177, Саудиска Арабија - 16.299, Израел - 15.298, Австрија - 15.148, Мексико - 13.842, Јапонија - 13.231, Чиле - 12.858, Пакистан - 12.723, Сингапур - 12.693, Полска - 11.273, Јужна Кореја - 10.728 и Романија - 10.635.