Gökhan Kavak
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
АБУЏА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) има за цел да ги намали случаите и смртните случаи од епидемијата на маларија во Африка за 75 проценти до 2025 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на СЗО за Африка, д-р Матшидисо Моети , во изјавата по повод Светскиот ден на маларијата, рече: „За малку не ја исполнивме целта која ја поставивме за 2020 година за намалување за 40 проценти на случаите и смртните случаи предизвикани од маларијата во Африка.“
Истакнувајќи дека нивната цел е да ја зголемат оваа стапка на 75 проценти до 2025 година, д-р Моети рече дека за да стигнат до целта, ќе треба да ја удвојат својата работа на континентот.
Тој, наведувајќи ги сличностите на маларијата со новиот вид коронавирус, Ковид-19, нагласи: „И двете [заразни болести] се закануваат на најслабите и најранливите категории и се потенцијална закана во време на криза.“
Д-р Моети ги повика африканските земји да соработуваат и повеќе да се борат против маларијата.
Во соопштението исто така се додава: „Секоја година 400.000 луѓе умираат од маларија, а 94 отсто од таа стапка живее на африканскиот континент. Децата под петгодишна возраст се најранливата група и претставуваат 67 проценти од смртните случаи.“