Firdevs Bulut Kartal
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Новиот тип на коронавирус продолжува да зема животи ширум светот, во Бразил во текот на изминатото деноноќие се регистрирани стотици нови смртни случаи и новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според бразилското Министерство за здравство, во текот на изминатите 24 часа починале 620 лица, со што вкупниот број на починати како последица на вирусот достигна 107.852.
Бројот на потврдени случаи се искачи над 3,34 милиони, со околу 23.101 новозаразени.
Со популација од 46 милиони, Сао Паоло останува најтешко погодено подрачје во Бразил, со повеќе од 699.493 заразени и над 26.582 смртни случаи.
Од вирусот во Бразил оздравеа над 2,43 милиони лица, со што претставува епицентар на пандемијата во Латинска Америка.