Muhammed Emin Canik,Muhammet Nazım Taşcı
17 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
АНКАРА - Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 941 лице во Индија, која е трета земја во светот најмногу погодена од пандемијата на вирусот Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа во земјата од вирусот починале 941 лице, со што вкупниот број на смртни случаи се зголемил на 50.921.
Во истиот период дијагностицирани се 57.981 новозаразени, зголемувајќи ја вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот на 2.647.663.
Досега оздравени се 1.919.842 лица кај кои бил откриен Ковид-19.