Muhammed Emin Canik
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Бразил ја остави Велика Британија зад себе и стана втора земја во светот со најголем број смртни случаи од Ковид-19 по Соединетите Aмерикански Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил соопшти дека во последните 24 часа како последица на Ковид-19 во земјата починале 909 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 41.828.
Бројот на заразени со коронавирусот во последното деноноќие се зголеми за 25.982, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се искачи на 828.810.
Според интернет страницата „Worldometer“, Бразил со 41.481 смртен случај ја остави Велика Британија зад себе, и стана втора земја во светот со најголем број смртни случаи и број на заразени од Ковид-19, по Соединетите Американски Држави (САД).
Бразилската држава Сао Паоло, на источниот дел на Бразил, моментално е најтешко погодена, со 167.900 случаи и 10.368 починати.
Бразил, кој има над 211 милиони жители, се смета за епицентар на епидемијата во Латинска Америка.