Emel Gözellik
13 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Мексико во последните 24 часа од новиот тип коронавирус, Ковид-19, починаа 504 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 16.448, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за здравство, во текот на последното деноноќие регистрирани биле 5.222 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 139.196.
На 27 мај во Мексико билансот на починати во текот на 24 часа за првпат ја надмина бројката од 500.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 28 февруари, а првиот смртен случај поврзан со вирусот беше регистриран на 19 март.