Sinan Doğan
13 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Во Еквадор, Јужна Америка, како последица на епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во изминатите 24 часа починаа 108 лица починаа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерство за здравство, вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачил на 3.828, со раст од нови 108 во последното деноноќие.
Бројот на евидентирани случаи со Ковид-19 во последните 24 часа е зголемен за 1.338, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјата искачи на 45.778.
Последниот биланс од 108 починати е најголемата бројка регистрирана од 22 мај досега, на дневна основа.
Од Ковид-19 во Еквадор досега се излекувани вкупно 4.600 лица.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 29 февруари, а првиот смртен случај е регистриран на 14 март.