Betül Yürük
13 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика на сеопфатна и транспарентна истрага за масовните гробници во Тархуна, кој е освоен од рацете на милицијата поврзана со Калифа Хафтар, водачот на нелегалните вооружени сили на истокот на Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Повикувајќи на истрагa, Гутереш побара сторителите да се изведат пред лицето на правдата, а жртвите да се идентификуваат, да се открие причината за нивната смрт и да се достави до нивните роднини.
Гутереш исто така како ОН понуди поддршка кон оваа истрага.
Потсетувајќи ги завојуваните страни во Либија да се придржуваат кон меѓународното хуманитарно право и законите за човекови права, Гутереш повика на итен прекин на судирите.
Тој го поздрави продолжувањето на преговорите на заедничкиот воен комитет, организиран во формат 5 + 5, со цел да се обезбеди прекин на огнот во Либија.
Либиската Армија минатата недела го врати градот Тархуна, кој повеќе од една година се користеше од страна на милицијата на Хафтар како центар за операции во нападите врз главниот град Триполи.