Vesna Besic
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
РИМ
Додека Италија влегува во нова фаза на процес на нормализација, компаниите во малопродажба, вклучувајќи ги тука и продавниците, рестораните, баровите и кафулињата, денес се повторно отворени по повеќе од два месеци строги ограничувања поради ширењето на новиот вид на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Овој период е тежок за нас и е збунувачки поради сите одредби, маски и ракавици. Полека почнуваме. Од некаде мора да се почне. Во моментот нема гости“, изјави Фабриција, менаџерката на едно кафуле во близина на фонтана ди Треви, сместена во округот Треви во Рим.
Нејзиниот локал се наоѓаат на подрачје кое е туристичка атракција, така да очекува туристи.
„Постојат луѓе кои работат во банки и локални претпријатија, но тие не доааѓаат секојпат тука. Иако е тешко, ќе почнеме полека“, додаде Фабриција.
Винчензо, кој работи во ресторанот Чампини, изјави дека се обидуваат повторно да го отворат објектот и да започнат со работа.
„Како што гледате, нема премногу луѓе. Луѓето сѐ уште се плашат, но по два месеца дома, би требало сега да отвориме“, додаде тој.
Италијанската влада донесе одлука со која од 3 јуни се овозможува меѓународно патување во земјата и кон другите земји.