свет

Сирија: Во третиот месец од примирјето во Идлиб се вратија 271 илјада цивили

- Откако на 6 март во сила стапи примирјето во сириската област Идлиб, последните 2,5 месеци во своите домови се вратија 271.356 цивили

Eşref Musa, Mehmet Burak Karacaoğlu, Ahmad Wais  | 18.05.2020 - Обновена : 19.05.2020
Сирија: Во третиот месец од примирјето во Идлиб се вратија 271 илјада цивили

ИДЛИБ

Бурак КАРАЏАОГЛУ - Ешреф МУСА


Откако на 6 март во сила стапи примирјето во сириската област Идлиб, последните 2,5 месеци во своите домови се вратија 271.356 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мухамед Халаџ, директорот на Координацијата за сириска интервенција која спроведува активности во врска со миграциите во Идлиб, соопшти дека со запирањето на воените операции од страна на режимот на Асад и неговите поддржувачи и обезбедувањето на прекинот на огнот, продолжува враќањето на цивилите кои претходно биле принудени да мигрираат.

По воведувањето на прекинот на огнот, последните 2,5 месеци приближно 54.271 семејство, вкупно 271.356 цивили се вратиле во своите домови во подрачјето на Идлиб и населените места во руралните предели на Алепо.

Сѐ уште голем дел од цивилите што се вратија во своите домови, имаат потреба од помош од невладините организации.

Во исто време цивилите кои се вратија во своите родни краишта мораат да внимаваат и на остатоците на поставените бомби.

Преполните кампови, импровизираните шатори и потешкотиите во засолнувањето на полјаните, кои се потецијални места за ширење на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) ги охрабри цивилите, искористувајќи го воведениот прекин на огнот да се вратат во своите домови, каде би биле во безбедно опкужување.

Од друга страна, цивилите чии домови се наоѓаат на териториите кои се под контрола на силите на режимот составени од војската на режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран, и покрај сите потешкотии, останаа да живеат во камповите што се наоѓаат во близината на сириско-турската граница.

Се очекува доколку продолжи прекинот на огнот, поголем број цивили да се вратат во свиите домови.


- Состојба во деескалациската зона во Идлиб

На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за четири деескалациски зони во Идлиб и соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо), но режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз три од овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.

Стотици илјади цивили кои избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција. Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција. По краткотрајниот прекин на огнот, во мај 2019 година силите на режимот започнаа копнени операции за освојување на целата територија.

Во тие операции на режимот и неговите поддржувачи, освоени се значајни територии во околината на Идлиб, подрачја северно и источно од Хама, како и рурални области што се наоѓаат јужно и западно од Алепо. Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година навака, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.800 цивили, а приближно 2 милиони цивили мигрираа.

Министерството за национална одбрана на Турција на 10 јануари објави дека Турција и Русија се согласиле за прекин на огнот кој ќе започне на 12 јануари 2020 година во 00:01 часот, но режимот на Асад и неговите сојузници ги продолжија своите напади во Идлиб, игнорирајќи го прекинот на огнот. По тоа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател во Москва на 5 март обезбедија нов договор. Последниот договор за прекин на огнот стапи на сила на 6 март 2020 од 00:01 часот.

И покрај повремените повреди на договорот од страна на режимските сили, прекинот на огнот во голема мерка се почитува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın