живот

Човек учи додека е жив: Научил да чита и пишува во 90. година

Саглам, татко на 5 деца и дедо на 14 внучиња, поради поодминатите години и здравствените проблеми, не бил во можност да го следи курсот во Образовниот центар, па учителот доаѓал во неговиот дом и му давал часови по читање и пишување

Şengül Oymak Azbay  | 07.09.2019 - Обновена : 10.09.2019
Човек учи додека е жив: Научил да чита и пишува во 90. година

КОЏАЕЛИ (АА) - Шенѓул АЗБАЈ

Ахмет Саглам од местото Ѓолџук, сместено недалеку од градот Коџаели во западниот дел на Турција, влезе во 90. година од животот. Како дете немал можност да се запише во основно училиште, поради што никогаш не научил да чита и пишува. Сепак, неговата желба за тоа никогаш не престанала, па во својата длабока старост, во 90. година научи да чита и пишува.

Во Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган, започната е кампања за учење на читање и пишување за оние кои немале можност да го научат тоа во регуларниот рок.

На тој начин Ахмет Саглам одлучил да тргне на курсот за читање и пишување во локалниот Образовен центар.

Саглам, татко на 5 деца и дедо на 14 внучиња, поради поодминатите години и здравствентие проблеми, не бил во можност да го следи курсот во Образовниот центар, па учителот доаѓал во неговиот дом и му давал часови по читање и пишување. По завршениот образовен процес, Саглам во 90. година доби документ со кој се потврдува дека знае да чита и пишува.

Саглам својот работен век го минал занимавајќи се со земјоделство. Роден е во црноморскиот град Ризе, а во разговорот со новинарот на Anadolu Agency (AA) истакна дека во местото во кое е роден немало училиште.

„Би сакал како помлад да научев да читам и пишувам, но моето семејство беше сиромашно. Не беше во можност да ме школува. Се трудев моите деца да завршат училиште. Денес можам да кажам дека е многу убаво да се знае да се чита и пишува“, истакна Саглам.

Тој им упати порака на младите, истакнувајќи дека секој треба да се школува, бидејќи според неговите зборови, на тој начин се станува човек и се запознава светот.

„Човек мора да чита и учи, бидејќи на тој начин може да се заштити себеси. Оној кој тоа не го прави, тешко може да се снајде. Да се чита и пишува е многу убаво. Жал ми е што немав можност да научам порано да читам и пишувам, па да студирам. Би сакал да можев да станам доктор или инженер. Младите нека учат, тоа е многу важно“, порача Саглам.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.