Хотел за мачки со пет ѕвезди во Либија нуди луксуз и целосна грижа за милениците
Хотелот, кој има капацитет за 40 мачки, располага со посебна просторија за секоја мачка, создавајќи безбедна и пријатна средина за престој
СКОПЈЕ (АА) – Во Мисрата, Либија, е отворен хотел за мачки со пет ѕвезди, кој нуди луксузни услуги и голема удобност за милениците на оние сопственици што патуваат или немаат соодветно место каде да ги остават своите миленици во посебни прилики, јавува Анадолу.
Хотелот, кој има капацитет за 40 мачки, располага со посебна просторија за секоја мачка, создавајќи безбедна и пријатна средина за престој.
Покрај сместување, центарот нуди здравствени прегледи, бањање, средување на шепите и следење на вакцинацијата.
Објектот станува сè попопуларен меѓу жителите на Мисрата, особено поради тоа што обезбедува професионална грижа и персонализиран пристап за секоја мачка.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
