живот

Францускиот изумител Запата со својот флајборд го прелета Ла Манш

Французинот Франки Запата, изумител на скејтбордот што лета (флајборд), го прелета теснецот Довер, кој се наоѓа на каналот Ла Манш

Ayşe Doğru  | 04.08.2019 - Обновена : 06.08.2019
Францускиот изумител Запата со својот флајборд го прелета Ла Манш

САНГАТЕ (АА) - Французинот Франсис Френки Запата, изумител на скејтбордот што лета (флајборд), го прелета теснецот Довер, кој се наоѓа на каналот Ла Манш, пренесува Anadolu Agency (AA).

Запата со својот флајборд пристигна во заливот Сент Маргарет, Велика Британија, 22 минути по полетувањето од Сангата, Франција, во 6:17 часот по локално време.

За време на летот од 35 километри, Запата флајбордот го наполнил со гориво кое го носел на својот грб.

Френк Запата, првиот обид да го премине теснецот Довер со флајбордот го направи на 25 јули, но загуби рамнотежа и падна во морето при слетување на планираната точка за полнење гориво.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın