живот

Французин со трактор на пат до Индија

Французинот Маре Жардин вели дека има намера со трактор да пропатува низ светот, а како што раскажа, во караванот има сѐ што му е потребно

Ekipa  | 09.05.2019 - Обновена : 11.05.2019
Французин со трактор на пат до Индија

ТЕКИРДАГ (АА) - Маре Жардин (53) се одлучил на несекојдневно патување, со трактор да стигне од Франција до Индија, пишува Anadolu Agency (AA).

Стариот трактор со караван во приколката предизвикува интерес на граѓаните на земјите низ кои минува.

Французинот вели дека има намера со трактор да пропатува низ светот. Како што раскажа, во караванот има сѐ што му е потребно.

„Од Франција одам во Индија. Се надевам дека тоа ќе биде убаво патување за мене. Не сум загрижен. Ова е мојот живот и го сакам. Сѐ што ми е потребно имам во караванот - кревет, печка, ормар...“, изјави Жардин кој моментално се наоѓа во Турција.









На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.