Vesna Besiç
09 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
БАМАКО (АА) - Населението на Бамако, главниот град на Мали, покрај со сиромаштијата, овие денови се соочува и со екстремно високи температури, јавува Anadolu Agency (AA).
Температурата на воздухот овие денови се искачува и до 43 степени Целзиусови. Децата спасот го пронаоѓаат во игри. Локалното население на различни начини ги поминува часовите за време на постењето.
Еден од најголемите економски проблеми е и големиот број нерегистрирани дејности. Тука главно се работи за улична продажба, врз основа на која луѓето се обидуваат да преживеат и да ги прехранат семејствата.
Мали е сиромашна, главно земјоделска земја, со активност концентирана во наводнуваните подрачја на реката Нигер. Околу 10 отсто од населението се номадски сточари, останатите се занимаваат со земјоделство и рибарство.
Најбројни етнички групи се Манде, Пеул, волтскиот народ и Сонгаи. Јазикот Бамбара се користи за меѓусебна комуникација, а францускиот главно во урбаните средини.
Мали се смета и за едно од најлошите места за раѓање, поради податоците кои велат дека од 1.000 родени повеќе од 170 не доживуваат ниту 5 години.