Şerife Çetin
29 Септември 2018•Ажурирај: 01 Октомври 2018
БРИСЕЛ (АА) - Срцевиот удар е причина за еден од осум смртни случаи во земјите членки на Европската Унија (ЕУ), пренесува Anadolu Agency (AA).
Податоците кои „Eurostat“ ги објави по повод Светскиот ден на срцето покажаа дека 12 отсто од смртните случаи на овој континент се предизвикани од срцев удар.
Највисоката стапка на смртните случаи поради срцев удар е забележана во Литванија (38 отсто), по која следуваат Латвија (29 отсто) и Словачка (27 отсто), додека најниската стапка на смртните случаи поради срцев удар е забележана во Франција и Холандија, со 6 отсто.
Срцевиот удар е причина за еден од осум смртни случаи во ЕУ.
Според овие податоци, стапката на мажите кои умираат од срцев удар е повисока во споредба со стапката кај жените, односно 53 отсто од мажите не го преживуваат срцевиот удар, додека оваа стапка кај жените е 47 отсто.