Ekipa
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
РИМ (АА) - Еден од најбараните италијански мафијаши, Ернесто Фазалари (46), вториот човек на калабриската мафија „Ndrangheta” уапсен е денес по 20 години бегство, објавија италијанските власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковникот на карабинерите, Лоренцо Фалфери, изјави дека вториот најбаран бегалац, Фазалари, е уапсен денес во селцето Молочио, во јужниот дел на Калабрија.
Го опиша како најопасен бегалец на злогласната мафијашка организација „Ndrangheta” една од најмоќните криминални групи во светот.
Италијанските власти соопштија дека во моментот кога полицијата упаднала во неговиот дом, Фазалари спиел и не давал отпор при апсењето.
Фалфери изјави дека Фазалари е обвинет за две убиства, обид за убиство, изнудување и други кривични дела при што е осуден на доживотен затвор.
Моментално најбараниот мафијаш во Италија е Матео Месина Денаро, за кој се верува дека станал нов шеф на Коза Ностра.