живот, култура и уметност

Средновековна бајка во Готланд - Илјадници учесници и посетители на најголемиот фестивал во Шведска

- Островот Готланд во Шведска повторно го врати духот на минатото преку традиционалната Средновековна недела, најголем традиционален фестивал во земјата и еден од највлијателните настани од ваков тип во Европа

Aida Cako  | 05.08.2025 - Обновена : 06.08.2025
Средновековна бајка во Готланд - Илјадници учесници и посетители на најголемиот фестивал во Шведска

СКОПЈЕ (АА) - Островот Готланд во Шведска повторно го врати духот на минатото преку традиционалната Средновековна недела, најголем традиционален фестивал во земјата и еден од највлијателните настани од ваков тип во Европа, јавува Анадолу.

Манифестацијата, која секоја година привлекува илјадници учесници и туристи, ја претвори старата средновековна населба Висби во сцена од вистинска бајка.

Главните улици се преполни со луѓе облечени во автентични костими од 12 и 13 век, а звуците на тапани и средновековна музика одекнуваат низ камените улички.

Особено внимание привлекуваат турнирите во стрелање и јавање, во кои учествуваат стрелци и витези од различни европски земји.

Стрелците, облечени во традиционална облека, ги покажуваат своите вештини пред многубројната публика, а витезите на коњи ја симулираат борбата за чест и слава, типична за времето на средновековието.

На фестивалот се одржуваат и разни театарски претстави, работилници за традиционални занаети, изложби на рачно изработени производи и средновековни пазари.

Еден од највпечатливите моменти е парадата на џиновски кукли што дефилираат низ центарот на Висби, симболизирајќи легенди и митови од северноевропската историја.

Средновековната недела на Готланд се одржува секоја година првата недела во август и претставува уникатна можност посетителите да се вратат неколку векови наназад и да го доживеат животот од тоа време.

Настанот има значајно културно, туристичко и економско влијание за регионот и ја зацврстува позицијата на Готланд како еден од најпосетуваните културно-историски центри во Шведска.

Организаторите велат дека оваа година тема на фестивалот е „водата“ – елемент што играл клучна улога во животот на луѓето од средниот век, од патувања и транспорт до земјоделство и секојдневно преживување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın