
ВАН
- Мухамед Онур ЈАВРУТУРК
Басенот на езерото Ван, каде што се наоѓаат некои од најважните мочуришта во Турција, нуди засолниште за стотици фламинга во текот на летните месеци, известува Анадолу.
Со затоплувањето на времето, илјадници фламинга пристигнуваат и се сместуваат во подрачјето на езерото Ван, привлекувајќи го вниманието на посетителите со своите големи тела, елегантни вратови и долги нозе.
Љубителите на природата и ентузијастите за фотографија им се восхитуваат на фламингата кои во голем број се собираат на бреговите на езерото Ван на подрачјето на местото Мурадије.
Ентузијастите за фотографирање на природата кои доаѓаат да го посетат овој регион, со своите фотоапарати го доловуваат природното живеалиште на фламингата, кои се хранат во езерото Ван.
- „Празник за очите се фотографиите на фламингата изработени на езерото“
Ајшенур Ќосе, која фотографира природа и пејзажи, за Агенција Анадолу (AA) изјави дека се обидува да ги документира видовите птици што живеат на бреговите на езерото Ван фотографирајќи ги секогаш кога ќе најде можност.
Коментирајќи дека фламингата му даваат посебен колорит на регионот, Ќосе рече:
„Езерото Ван е дом на многу видови птици. Ги фотографирав фламингата кои наскоро ќе мигрираат. Направив неколку прекрасни слики. Ги поканувам сите фотографи и љубители на природата да ги видат фламингата. Грациозните и шарени прикази на фламингата во единствената природна убавина на езерото Ван се празник за очи. Порано беше многу мал бројот на фламинга кои доаѓаа тука, но последниве години забележавме дека нивниот број се зголемува. Може да се видат во јата во многу подрачја. Да ги фотографираш е уникатно чувство.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.