Elvir Hociç
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Голем број посетители имаат можност да уживаат на Фестивалот на мраз кој шеста година по ред се одржува во Централ Парк, во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Тоа е фестивал кој се одржува викендот пред Денот на вљубените, Свети Валентин, кој на посетителите им нуди голема забава и разонода.
Посетителите на Централ Парк денес може дa видат како професионални уметници парчињата мраз тешки и неколку тони ги претвараат во реплики на некои од најпознатите статуи и скулптури.
Со заоѓањето на Сонцето, посетителите ќе можат да уживаат во „Тивкиот диск“ (Silent Disco). Секој од нив ќе добие слушалки и сам ќе си избере музика за танцување, а атмосферата на присутните уште повеќе ќе ја разубават и диско-светилките кои ќе го осветлуваат подиумот.