Zehra Ulucak
06 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Состојбата на постојано карање и смирување меѓу паровите, може да предизвика емоционална конфузија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на WebMD, истражувачи работеле на состојбата на променливиот статус во врските со постојани разделувања и помирувања, при што е установено дека таквата состојба кај лицата го зголемува ризикот од депресија и нервоза.
Истражувањето го водеше Кале Монк со својата екипа од американскиот Универзитет „Мисури“, кој со цел да ја најде поврзаноста на променливиот статус во врските со емоционалниот стрес, спроведе анализа врз 545 возрасни лица.
Една третина од учесниците во истражувањето, осум пати се разделиле и повторно се смириле со својот партнер.
Истражувачите, во периодот на разделување и повторно смирување на учесниците, ги прашале паровите за чувствата поради настанатите проблеми, за неконтролираната загриженост, за нивните чувства на беспомошност или помало задоволство од животот.
Во истражувањето се констатира дека врските со постојано разделување и смирување предизвикуваат емоционална конфузија. Анализата покажа дека факторите, како што се возраста, типот на врската, нејзината дожина или немањето деца, не влијаат врз резултатот.
„Разделувањето и повторното смирување меѓу паровите, секогаш не е нешто лошо, но таквото постојано повторување, негативно влијае врз емотивната состојба на лицата“, констатираше Монк.