Ekipa
28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Научниците информираат дека добрата физичка форма кај луѓето во средни години го намалува ризикот од депресија и од кардиоваскуларните заболувања кои можат да доведат до смрт, јавува Anadolu Agency (AA).
Научниците од Медицинскиот центар при Универзитетот „Саутвест“ во американската сојузна држава Тексас, спроведоа истражување кое покажа дека кај лицата на средна возраст, добрата физичка форма го намалува ризикот од депресија за 16 отсто, додека кај лицата кај кои веќе е дијагностицирана депресија, ризикот од кардиоваскуларни заболувања кои можат да предивикаат смрт е намален за 56 отсто.
Во рамките на истражувањето биле вклучени 17.989 возрасни лица со просечна старост од 50 години. Научниците подолг период ги собирале податоците за здравствениот статус на овие лица на средна возраст, кои вежбале за да ја одржат својата физичка форма. Тие забележале дека овие лица, за разлика од оние кои немаат физички активности, во поодминатите години се соочуваат со помал ризик од депресија и кардиоваскуларни заболувања.
Кај лицата кои практикуваат редовни физички активности, за разлика од оние кои тоа не го прават, забележани се 16 отсто помалку случаи на депресеија, а кај лицата кај кои веќе е дијагностицирана депресија, а вежбаат и ја одржуваат својата физичка форма, ризикот од кардиоваскуларни болести е намален за 56 отсто.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „ЈАМА Psychiatry Journal“.