Emel Öz Gözellik
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Јапонскиот вселенски брод „Хајабуса 2“ по патување од околу 3,5 години, пристигна на својата цел во близина на астероидот Рјугу кој кружи во сончевиот систем и се наоѓа 300 милиони километри оддалечен од Земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста на „Кјодо“ базирана врз соопштението на јапонската Агенција за авијација и вселенски откритија, се наведува дека вселенскиот брод „Хајабуса 2“ кој своето патување го започна во декември 2014 година, поминувајќи 3,2 милијарди километри, пристигна на својата цел, доближувајќи се на 20 километри од астероидот Рјугу.
Во веста се вели дека „Хајабуса 2“ на астероидот ќе испрати опрема за земање примероци од овој гигантски камен.
Според оваа вест, по извршените работи и земени примероци, вселенскиот брод „Хајабуса 2“ се очекува да се врати на Земјата кон крајот на 2020 година.
Благодарение на собраните примероци од страна на „Хајабуса 2“, се очекува да се откријат информации за формирањето на Сончевиот систем.