Emre Aytekin
07 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Американската вселенска агенција НАСА во 2022 година ќе го спроведе првиот тест на вистинскиот одбранбен систем на планетата Земја од удар на астероид или комета, пренесува Anadolu Agency (AA).
Системот има задача да ги пренасочува астероидите кои се опасни за човештвото и за Земјата.
Проектот под наслов DART (The Double Asteroid Redirect Test) опфаќа таргетирање на астероидот Дидимос, помал објект што орбитира околу него и е познат како Дидимун.
НАСА планира да ја лансира сондата во 2021 година, со цел во Дидимун да удри во октомври 2022 година.
Набљудувачките и истражувачките активности на НАСА и на Лабораторијата за применета физика на Универзитетот „Џон Хопкинс“ траат од 2015 година.
Системот на одбрана има за цел да ја заштити Земјата од удари на блиски астероиди со отровни супстанции.