Gökhan Ergöçün
04 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските и финските бизнис-лидери одржаа средба во Истанбул, во чиј фокус беше потенцијалот на вештачката интелигенција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Настанот наречен „Сеприсутноста на компјутерите и развојот на вештачката интелигенција“, ги спои на едно место бизнисмените и научниците“, истакна Турско-финскиот бизнис-совет на Одборот за надворешни економски односи (DEIK).
Мехмет Вакур Еркул, турскиот амбасадор во Финска, потенцираше дека вештачката интелигенција има огромен ефект врз технологијата и врз општеството.
„Се наоѓаме во една сосема нова ера, во ера на иновациите и трансформацијата“, рече тој.
Халил Кулук, челникот на Бизнис-советот, истакна дека светот денес е сведок на големи промени.
„Машините можат да учат и да извршуваат, се развива интернетот на нештата, а претприемништвото е основано врз издржливост и отпор“, додаде тој.
На настанот присуствуваа финскиот амбасадор во Турција, Пекка Вутилаинен, професорите Џем Сај и Али Риза Кајлан од истанбулскиот Универзитет „Богазиџи“, вонредениот професор Хеики Хутунен од Универзитетот „Тампере“ и професорот Санџај Сарма од Институтот по технологија на Масачусетс.