Gökhan Ergöçün
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турска компанија од одбранбената индустрија денес го претстави своето оклопно амфибиско јуришно возило под името ЗАХА (ZAHA), јавува Anadolu Agency (AA).
„Возилото беше дизајнирано да ги задоволи барањата на Tурските поморски сили“, изјави Наил Курт, извршен директор на ФНСС (FNSS), на Меѓународниот саем за одбрана кој се одржува во Истанбул.
Говорејќи за претставувањето на прототипот ЗАХА, тој истакна дека оклопното амфибиско јуришно возило може да го произведат само мал број земји во светот.
Курт додаде дека во рамките на овој проект, компанијата ФНСС ќе произведе вкупно 27 возила.
„Доставите ќе почнат во 2021 година, а ќе завршат во 2022 година“, нагласи Курт.
Тој истакна дека тестовите во врска со возилото ЗАХА, кое има капацитет за 21 лице, ќе бидат завршени во рок од две години.