Gamze Türkoğlu Oğuz
29 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Екстремната дебелина за 50 отсто го зголемува ризикот од прерана смртност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Скај њуз“ (SkyNews), експертите во Британија ја истражувале здравствената состојба на 2,8 милиони возрасни и причините за смртност, при што е откриено дека лицата со маса на телото чиј индекс изнесува 40 до 45 се со зголемен ризик за прерана смртност за 50 отсто.
Лицата чија екстремна дебелина одговара на тежината на овој опсег се соочуваат со 12 пати поголем ризик за дијабетес од тип 2, 22 пати поголема можност за апнеа при спиење (сериозна состојба на нарушување на ритамот на дишењето во текот на спиењето), и 3 пати поголем ризик за добивање на срцеви заболувања, висок притисок и зголемени масти во крвта.
Кога овие лица би ги споредиле со оние со нормална тежина, кај нив за 50 отсто е зголемен ризикот од прерана смрт од каква било причина.
Експертите посочуваат дека лицата со маса на телото чиј индекс изнесува 35 до 40 се соочуваат со 9 пати поголем ризик за дијабетес од тип 2, 6 пати поголема можност за апнеа при спиење, и најмалку 2 пати поголем ризик за кардиоваскуларни болести.
Забележано е дека кај лицата со маса на телото чиј индекс изнесува 25 до 30, ризикот за срцеви заболувања е зголемен за 20 отсто.
Резултатите од истражувањето се презентирани на Европскиот конгрес за прекумерна тежина во Глазгов.
Индекс на телесната тежина меѓу 18,5 и 24,9 се смета за идеален кај возрасните.
Според Светската здравствена организација, од 1975 година наваму, на светско ниво за 3 пати е зголемен бројот на лицата со прекумерна тежина. Заклучно со 2016 година, во светот има 1,9 милијарди возрасни со вишок килограми, од кои 650 милиони се со прекумерна тежина.