Saadet Firdevs Aparı
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
АНКАРА
Џиновскиот астероид долг 1 километар, кој е 2,5 пати поголем од „Емпаер стејт билдинг“ во САД, следната недела ќе помине покрај Земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на веб-страницата „Science Alert“, џиновскиот астероид, кој е класифициран како „потенцијално опасен астероид“ поради неговите редовни блиски минувања покрај Земјата, на 18 јануари во 21:51 часот според универзално време ќе биде најблиску до Земјата.
Астероидот ќе помине на 1,93 милиони километри од Земјата.
Оваа близина на астероидот ќе им овозможи на астрономите дополнително да го проучуваат камениот астероид од типот „S“, кој припаѓа на групата астероиди Аполо.
Астероидот ќе патува со приближно 19,56 километри во секунда, што значи дека ќе изгледа како ѕвезда на ноќното небо.
Ова небесно тело познато како астероид (7482) 1994 PC1, беше откриено во 1994 година од астрономот Роберт Мекнаут во опсерваторијата „Сајдинг спринг“ во Австралија.
Последното приближување на џиновскиот астероид до Земјата се случило пред 89 години, на 17 јануари 1933 година.
Следното доближување се очекува да се случи на 18 јануари 2105 година.