наука и технологија

Истражување: Маргаринот предизвикува депресија

„Нивото на вознемиреност кај животните кои консумираа маслиново масло е мошне ниско. Овие животни беа релаксирани. Исто така, капацитетот за учење кај нив беше висок“

Efsun Yılmaz  | 10.02.2019 - Обновена : 11.02.2019
Истражување: Маргаринот предизвикува депресија

Izmir

ИЗМИР (АА) - ЕФСУН ЕРБАЛАБАН ЈИЛМАЗ -

Маргаринот предизвикува депресија, додека путерот позитивно влијае врз учењето, вели едно истражување реализирано од страна на научници од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Деветти Септември“ во турскиот град Измир.

Проф. д-р Назан Ујсал Харзадин од Физиолошкиот факултет, за Anadolu Agency (AA) говореше во врска со истражувањето реализирано врз стаорци.

Таа нагласи дека на овие стаорци им давале храна која има 10 отсто маснотии и дека истражувале како овие маснотии влијаат врз нивното однесување.

Харзадин истакна дека кај резултатот од научното истражување забележале дека во случаите кога користеле сончогледово масло, нивото на депресија и вознемиреност кај стаорците било повисоко.

„Кога ги поставивме животните во механизмот, не можеа да одлучат каде да одат. Затоа, мислиме дека сончогледовото масло негативно влијае врз префронталниот кортекс, односно врз делот на мозокот за одлучување“, додаде Харзадин.

- Маргаринот предизвикува депресија -

„Нивото на вознемиреност кај животните кои консумираа маслиново масло е мошне ниско. Овие животни беа релаксирани. Исто така, капацитетот за учење кај нив беше висок“, рече Харзадин.

Таа истакна дека ефектите од консумирањето кај стаорците се видливи при тест-период од 2 месеца, додека кај човекот тој период изнесува 10 години.

Харзадин се осврна и на истражувањето со маргарин, а резултатите во оваа категорија ги опиша како депресивни.

„Симптомите на највисока депресија беа во оваа група“, додаде таа.

Според неа, најдобрите резултати во текот на истражувањето ги добиле од тестирањата со путер. Таа овој резултат го опиша како чудо.

„Оние кои се хранат со путер имаат пониско ниво на вознемиреност, немаат депресија и нивото на учење е мошне позитивно“, рече Харзадин, и додаде дека во исхраната треба да се преферира путерот и маслиновото масло.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın