живот

Првата група аџии од Македонија се врати од светите места

Враќањето на аџиите од светите места се реализира во четири групи поделени по 168 аџии. Втората група се очекува да се врати утревечер, додека третата и четвртата група се очекува да се вратат во среда

Besar Ademi  | 11.09.2018 - Обновена : 12.09.2018
Првата група аџии од Македонија се врати од светите места Besar Ademi/АА

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Првата група аџии од 168 муслимански верници пристигна на Меѓународниот аеродром „Скопје“ од светите места во Саудиска Арабија, каде што беа за да ја исполнат една од петте обврска на исламот, аџилакот, јавува Anadolu Agency (АА).

На аеродромот во македонскиот главен град верниците беа пречекани од страна на нивните семејства и роднини, а внатре во аеродромот доминираше атмосфера на среќа и радост.

„Им благодариме на организаторите, бидејќи дадоа можности кои заслужуваат да се поздрават, бидејќи во Мека хотелите ни беа блиску и секој аџија имаше можност да ги клања петте молитви во Каба. Исто така, во Медина имавме прилично добри услови, со исклучок на некои недостатоци кои се надевам дека ќе се надминат во иднина“, рече Ислам Нуредини, еден од водичите на групата, за АА.

Голема радост имаше и кај вратените аџии, од кои повеќето рекоа дека требало порано да одат таму, за да стигнат во нивниот живот да ја посетат светата земја повеќе од еднаш.

„Мојата порака е дека секој што сака да оди на аџилак мора да оди како млад, бидејќи е тешко за постарите лица. Секој кој сака да постигне и да посети сè, треба да оди како помлад. Ако ми се даде можност, повторно ќе одам“, рече Јакуп Јахја од селото Неготино.

Враќањето на аџиите од светите места се реализира во четири групи поделени по 168 аџии. Втората група се очекува да се врати утревечер, додека третата и четвртата група се очекува да се вратат во среда.

Цената за аџилак оваа година беше 3.900 долари (околу 3.380 евра), а од Македонија патуваа вкупно 672 аџии со четири авиони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın