Yusuf Hatip
01 Септември 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
БРИСЕЛ (АА) - ЈУСУФ ХАТИП - Носталгичниот хотел во главниот град на Белгија, кој е конципиран во облик на воз, од вагоните, тешки по триесет тони кои се сместени на кровот и во хотелот, им пружа на своите гости чувство на патување со возови од 1950-тите години, пишува Anadolu Agency (AA).
Белгиецот Николас Кервинс, основач на хотелот и сопственик на проектот, тврди дека од своето детство бил заљубеник во возовите, и пренесува дека гостите во хотелот главно се патници кои сакаат да преспијат во вагоните, и дека вагоните, користени за уредување на хотелот, некогаш патувале по пругите во Европа.
Наведувајќи дека за реализација на проектот се потрошени повеќе од 3,5 милиони евра, Кервинс вели дека гостите на влезот ги дочекува лоби кое е уредено според шалтерот за купување карти за воз.
- Меѓу првите гости беше белгискиот министер со сопругата
Шетајќи низ хотелот, може да се наиде на необични работи, како стар куфер на некој белгиски принц, карти на железничката мрежа кои датираат од 1900-те години, разни делови на стари возови, и ѕидови на кои уметниците, инспирирани од возот, цртале слики.
„Надлежните од Општината беа многу изненадени кога им кажав дека сакам да поставам вагони тешки неколку тона во оваа стара зграда“, изјави Кервинс, додавајќи дека меѓу првите гости бил тогашниот белгиски министер за транспорт и неговата сопруга.
Наведувајќи дека секое парче во хотелот е собрано и донесено од разни делови на светот, Кервинс вели дека најголема мотивација е да се види колку се зачудени и среќни луѓето кога ќе влезат во хотелот.
- Патување низ времето во собите од вагони
Ресторанот, одморалиштата и собите од хотелот, потполно се уредени со предмети од носталгичните возови, па така преминот низ ходникот овозможува патување низ времето, предизвикувајќи чувство дека се наоѓате на некоја железничка станица од 1950-тите години.
Во хотелот, чии соби се дизајнирани како вагони со кревети, се наоѓаат кревети и седишта на склопување кои потсетуваат на возови, додека старите акумулатори служат како плакари за облека.
Носталгичен хотел во Брисел нуди имагинарно патување со воз
БРИСЕЛ (АА) - Носталгичниот хотел во главниот град на Белгија, кој е конципиран во облик на воз, од вагоните, тешки по триесет тони кои се сместени на кровот и во хотелот, им пружа на своите гости чувство на патување со возови од 1950-тите години. ( Dursun Aydemir - Агенција Анадолија )
01.09.2018 Dursun Aydemir
1 / 23