Турција, живот

Скопјанец 60 години произведува сладолед во Турција

Илјас Јенидоган во 1958 година заедно со неговиот татко, Реџеп Јенидоган, кој бил мајстор за сладолед, од Скопје мигрирале во Ќутахја

Muharrem Cin  | 31.08.2018 - Обновена : 02.09.2018
Скопјанец 60 години произведува сладолед во Турција Muharrem Cin/AA

Kütahya

ЌУТАХЈА (АА) - МУХАРЕМ ЏИН - Седумдесет и едногодишниот Илјас Јенидоган кој во детска возраст мигрирал од Македонија во турскиот град Ќутахја, веќе 60 години прaви сладолед, професија која веќе три генерации ја работи ова семејство, пишува Anadolu Agency (AA).

Илјас Јенидоган во 1958 година заедно со неговиот татко, Реџеп Јенидоган, кој бил мајстор за сладолед, од Скопје мигрирале во Ќутахја. Освен неговиот татко, и неговиот дедо бил мајстор за сладоледи, професија која Илјас сè уште ја работи во населбата Мехмет Акиф Ерсој во Ќутахја.

Јенидоган, кој професијата ја научил во детски години, веќе 60 години прави сладолед. Тој истакна дека за правење сладолед е потребна мајсторија.

Тој раскажува дека заедно со него, и неговите 5 браќа ја научиле оваа професија од нивниот татко. „Околу 20 други лица кои мигрирале од Македонија ја научија оваа професија за производство на сладолед кај мајсторот Реџеп, мојот татко. Мајсторите кои оваа професија ја научија од мојот татко, денес прават сладолед во повеќе места низ Турција“, додаде тој.

- Секој замрзнат производ не е сладолед -

„Ако сладоледот се прави на добар начин“, рече Јенидоган, „тој е добар и за здравјето“.

„Важно е да се произведе од мајсторски раце. Постојат бројни продукти на пазарот што се продаваат под името сладолед. Секој замрзнат производ не е сладолед. Вистинскиот сладолед се произведува од млеко, салеп, овошје и шеќер. Правењето сладолед е професија за која е потребна мајсторија“, нагласи Јенидоган.

Скопјанецот Јенидоган информираше дека некои овошни сладоледи се прават со млеко, а некои само со салеп. „Ние правиме сладолед користејќи само органски состојки. Користиме овошје во сладоледот“, нагласи Јенидоган.

Тој раскажа дека претходно произведувале само 5 видови сладолед, и тоа со кајмак, со какао, со лимон, со вишна и со јагода, додека сега приозведуваат 32 различни видови сладолед.

Јенидоган нагласи дека оваа професија која му е наследство од неговиот дедо, им ја пренел и на неговите деца и внуци, и дека овој вкус ќе го пренесат на идните генерации.

Синот на мајсторот Илјас, Незих, и неговиот внук, Џемал Јенидоган, истакнаа дека тие, како четврта генерација, ќе ја продолжат оваа професија.

Сладоледите произведени од нив се продаваат во слаткарниците и кафулиња во регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın