Dzihat Aliju
14 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Општина Бурса во соработка со Координативниот одбор на невладини организации за поплавите во Македонија, во коишто загинаа 22 лица, на погодените од поплавите им понуди различна помош, јавува Аnadolu Аgency (AA).
Преставникот на Општина Бурса, Решат Чимсокен, за новинарот на АА изјави дека во името на Општина Бурса дојдени се со цел да им помогнат на своите браќа во Македонија.
„Како резултат на интензивната работа уште од првиот ден на поплавите, Општина Бурса, заедно со граѓаните и разни организации од Бурса, испратија четири шлепери со помош во Македонија“, изјави Чимсокен и додаде дека се испратени уште два шлепера коишто вечерва или утре наутро ќе пристигнат во Скопје.
Чимсокен истакна дека доставувањето помош ќе продолжи со поддршка на градоначалникот на општина Бурса, Реџеп Алтепе, којшто е и председател на Унијата на Општини од Мармара.
„И Унијата на Општини од Мармара праќа шлепери со помош“ изјави Чимсокен.
Повикувајќи ги граѓаните во Турција да донираат во согласност со потребите на подрачјето, Чимсокен рече дека „има доволно храна и немаме потреба од тоа. Тука итно има потреба од бела техника, постелнини, кревети и други апарати за домаќинство. Освен ова, општините од Турција треба да испратат персонал или граѓани за да се помогне во расчистувањето, со цел животот да се врати во нормала“.
Од друга страна заменикот на градоначалникот на Општина Чаир, Сулејман Баки, изјави дека по катастрофалните поплави, кои што се случија на 6 август, Општина Бурса со свои екипи е дојдена во Македонија.
Со цел да им се помогне на сите погодени семејства во поплавите Баки истакна дека „со меѓусебна сооработка на Општина Бурса и Општина Чаир, и невладините организации како Енсар, Копру, Мерхамет, Ел-Хилал и други, продолжува дистрибуирањето на помошта. Денес ќе се подели помош во Хасанбег“.
Баки нагласи дека делењето на помошта од четирите шлепери започнало вчера и дека истата продолжува и денеска.
„Во рамките на дистрибуирање на помошта ќе се поделат средства за хигиена и за чистење, а за семејствата кои имаат потреба, ќе им се подели и помош во храна“, рече Баки.
Тој им се заблагодари на Општина Бурса, граѓаните на Бурса и тамошните невладини организации. Рече дека Турција секогаш ѝ помага на Македонија и дека Бурса секогаш е покрај Скопје, покрај Општина Чаир и сите граѓани којшто живеаат тука.